САМО ЗА ЖЕНСКИ ОЧИ: Австралиските секси пожарникари повторно „жарат и палат“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Австралиските пожарникари ја продолжија традицијата на фотографирање, која започна во 1993 година, а овој пат подготвија шест нови изданија на календарот за 2022 година. Парите од продажбата повторно ќе бидат донирани во хуманитарни цели за заштита на животните,  а овој пат  ќе ги донираат во познатото американско здружение „Greater Good Charities“, задолжено за унапредување на здравствените услови за луѓе и миленици.

Дел од парите од продажбата ќе се насочи и во центрите за згрижување на напуштени животни во Австралија, но и за зачувување на природните живеалишта на егзотичните животни во оваа земја.

Со ваквиот проект, пожарникарите им помогнале на бројни болници, здруженија за заштита на правата на децата, но и во закрепнување на земјата по разорните пожари во 2020 година.

Снимањата за календарот започнуваат во март секоја година, а истите траат околу 6 месеци. Заштитно лице на овогодишниот календар е пожарникарот Рики Смит.

 

останати вести