Сабаленка објави никогаш пожешки снимки- со момчето ужива во Бразил (ФОТО)

by Тони Зографски

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по долгата ВТА сезона која ја заврши без конкуренција на првото место на листата.

Таа моментално е во Бразил со своето момче, Џорџ Франгулис, и речиси секој ден објавува фотографии со него.

Најновите во низата објави се можеби најпровокативните досега, бидејќи Сабаленка одлучи да се сонча во бикини, додека нејзиното момче е веднаш до неа.

Арина веќе објави за тоа како го поминува времето во изминатите неколку дена, а најдобрата тенисерка на светот сега отиде чекор понатаму, бакнувајќи се во бикини со Џорџ Франгулис, додека се гушкаат.

Интересно е што Сабаленка претходно беше на друга ексклузивна дестинација – Малдивите, каде што исто така уживала во сонцето. Сега одлучила да ја посети јужноамериканската земја.

Таа ги воодушеви своите обожаватели од Бразил со фотографиите, кои ја „опсипаа“ со коментари на социјалната мрежа Инстаграм. Сите со нетрпение го очекуваат нејзиното враќање на теренот, а тоа ќе се случи за нешто повеќе од еден месец, на егзибициска средба. Сабаленка ќе игра против „палавиот“ Ник Кирјос во еден необичен натпревар.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com