Иако годинава, за да престојувате на Кикладите за време на летото, потребно е да издвоите вистинско малечко богатство дури и за само неколку дена – и идеално би било да сте го резервирале сместувањето една година однапред – постојат Американци кои, откако го посетиле само Санторини, мислат дека „знаат“ каква е ситуацијата на сите грчки острови и шират приказни дека се „празни“.
„Летото годинава е откажано во Грција“
Вака прилично незадоволно коментира еден грчки портал објава од новинар од Америка кој на ТикТок објавил видео во кое зборува како не може да поверува дека во Грција нема никој.
– Дали е можно грчкото лето годинава да е откажано? Се наоѓам на Санторини и островот изгледа мртво, насекаде има слободни соби иако е средина на јули и врв на сезоната. Дури и не резервирав хотел, ќе одам во градот и ќе најдам соба таму, ќе биде на распродажба. Дали некој знае зошто се случува ова? – стои во видеото кое Американецот го објавил, а кое предизвика бурни реакции.
„Оди на Крит, па ќе видиш како е навистина“
Грците веднаш почнаа да коментираат:
– Зошто луѓето имаат мислење, а немаат ни основно знаење? Санторини ова лето има пониски цени и повеќе слободни места затоа што за време на зимата имаше земјотреси, па многумина одлучија да го избегнат оваа година. Сите останати острови се полни – коментира една личност, а друга додава: „Само Санторини е празен поради земјотресите. Крит е хаос“.
– Кога велиш грчки острови, мислиш само на Санторини и Миконос? Пробај да отидеш на помалку познати острови, како што се Куфонисија. На Крит, каде што цените се пристапни, владее целосен хаос, иако инфлацијата ги обесхрабри многумина да трошат – стои во еден од коментарите.
– Факторите се многубројни. Израел ги бомбардира соседните земји, цените се високи, постојат кампањи за оцрнување, неспособна власт, недостаток на маркетинг итн. Но генерално, тоа е циклус: Грција ќе биде популарна неколку години, па потоа ќе падне во заборав неколку наредни – одговараат други.
– Ако не се лажам, Санторини е повеќе пролетна и есенска дестинација. Лети луѓето одат таму каде што има многу плажи – порачува некој во коментарите.
