РУСИТЕ ГО ЗАРОБИЛЕ ТАТКО И: Украинска параолимпијка ги напушти Игрите

by Тони Зографски

Украинската биатлонка Анастасија Лалетина (19) се повлече од Зимските параолимписки игри во Пекинг откако нејзиниот татко бил заробен од руските сили.

Нејзиниот татко е војник во украинската армија и бил заробен од руските сили, изјавила портпаролката на украинската репрезентација, додавајќи дека немаат дополнителни детали за неговата судбина.

Лалетина тешко ја примила веста за нејзиниот татко и не можела да настапи. Украински лекар и` помогнал да се справи со трауматичниот настан. Младата 19-годишна Украинка се уште е во параолимпиското село во Жанџијак, но наскоро ќе отпатува за Полска.

Лоша вест дознал и еден од украинските тренери чија куќа била уништена од руски проектил во Харков. И покрај неизвесноста околу учеството на ЗПОИ, Украина моментално е третопласирана на листата на освојувачи на медали со шест златни, осум сребрени и пет бронзени медали.

Пред нив се само Кинезите со 10 златни и вкупно 31 медали и Канада со седум златни и 16 медали. На руските и белоруските спортисти со инвалидитет им е забрането да учествуваат на Зимските параолимписки игри во Пекинг поради руската инвазија на Украина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com