„Жандармеријата на Ватикан приведе лице со тешки психички нарушувања и го предаде на италијанските власти“, рече Бруни.

Агенцијата АГИ наведува дека лицето е романски државјанин, а инцидентот го снимиле другите посетители.

Ова не е прв инцидент на олтарот под балдахинот на Бернини во базиликата, а во 2019 година, 50-годишен маж беше уапсен откако се качи на олтарот и собори канделабра на земја.