Убавата манекенка Рози Хантингтон Вајтли обожава да позира во бикини.

Таа често е заштитно лице на некои брендови кои ја рекламираат програмата за плажа, па овој пат убавата Рози повторно направи „бум“ на Инстаграм.

Сега, Рози позира пред карпа облечена во минијатурно карирано бикини, покажувајќи ја уште еднаш својата совршена фигура.

За кратко време фотките на Рози која долги години е во врска со мегапопуларниот актер Џејсон Статон, добија илјадници лајкови и позитивни коментари.

Инаку, Рози и Џејсон уживаат во својата љубов, иако познатиот актер е дури 20 години повозрасен од манекенката. Тие заедно имаат две деца, син и ќерка.

Интересно е и тоа што тие двајца се уште не се венчале, а како што еднаш открија, тоа не е некој значаен чекор во нивната љубов, па дури и да се случи, ќе биде интимно.