РОБИН ХУД ОД МЕКДОНАЛДС: Си дал отказ, па откри што им ставал на муштериите

by Тони Зографски

Поранешниот вработен во Мекдоландс, Коди Бондарчук преку Твитер споделил што правел додека работел во овој ресторан.

-Во Мекдоналдс работев две и пол години и ставав 11 пилешки стапчиња во секоја порачка во која требало да има 10 – напиша Коди.

Овој твит собра 887.000 лајкови, со бројни позитивни коментари на негова сметка.

-Ти си херој. Тоа се мали работи што ги прават добрите луѓе – стои во еден од коментарите.

Некој и се пошегува.

-Дали сега работиш во банка? Тоа би значело… – напишал еден корисник.

 

останати вести