РЕТКО ВИДЕНО: Папата сам се молеше на плоштадот Свети Петар во Ватикан (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Папата Франциск минатата ноќ одржа вонредна молитва и благослов на плоштадот Свети Петар во Ватикан, за да се помоли за крај на пандемијата со коронавирусот и да им прости на верниците.

Папата од празниот плоштад го повика светот да се обедини и така да одговори на пандемијата.

„Пред вирусот“, рече папата, „сите бевме во ист чамец, сите. Се молиме, не дај Боже да не оставиш на оваа бура“.

Папата благословот го даде на најцрниот ден за Италија во корона-кризата, на кој починаа 969 луѓе.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com