Разрешен советникот на Артан Груби кој беше приведен поради поседување дрога

by Тони Зографски

Познатиот албански пејач, Шпат Касапи по информациите во медиумите дека кај него била пронајдена дрога од страна на полицијата денеска е разрешен од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, брифираат извори од вицепремиерскиот кабинет за Канал 5.

Касапи, кој инаку е син на пратеничката Ѓулумсер Касапи, пред еден месец, според неофицијални информации објавени во дел од медиумите.

Дрогата му била одземена, а тој бил приведен. Од кабинетот на Груби велат дека веднаш по потврдат на овие информации тој е разрешен од советничката функција

останати вести