Пукотници го вознемирија градот, еден човек е тешко ранет по грешка

by Тони Зографски

Пукотници го вознемирија градот Крушевац, на неговата периферија, пренесуваат српски „Новости“. За пукањето е осомничено едно лице М.С. за кого полицијата интензивно трага, додека пак ранетиот човек Р.А. ургентно е згрижен во болницата во Крушевац.

„Моменталните проценки се дека Р.А. не е животно загрозен, по приемот и операцијата. Тој добро се чувствува. Се уште се работи на сите околности кои довеле до ранување, а според информациите, тој не бил вистинската мета на момчето кое пукаше“, велат од полицијата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com