Просечната цена на становите во оваа европска држава достигна речиси половина милион евра

by Тони Зографски

Просечната цена на станбените недвижнини во Холандија е речиси половина милион евра, според податоците објавени од Централниот завод за статистика (CBS), врз основа на информации од Катастарскиот регистар на Холандија.

Во јануари цените се зголемиле за 5,4 проценти на годишно ниво на 493.875 евра, што е просечна вредност на сите продадени станбени единици во Холандија во првиот месец од 2026 година, без разлика на тоа дали биле станови или куќи или колкава била квадратурата.

Како што објавува „NL Times“, растот на цените на становите во Холандија забавува веќе неколку месеци по ред, првенствено поради построгите прописи за изнајмување што ги принудуваат сопствениците да продаваат недвижнини.

Повеќе станови во понуда значат дека цените растат побавно, но аналитичарите проценуваат дека овој ефект е само привремен.

Холандското здружение на агенти за недвижности („NVM“) очекува дека гореспоменатиот бран на продажба на изнајмени станови ќе биде завршен до 1 јули.

Економистите од „ING“ и „Rabobank“ очекуваат дека цените на станбените недвижнини во Холандија ќе продолжат да растат во текот на 2026 и 2027 година, поради ограничената понуда на станови и зголемените приходи на домаќинствата.

останати вести