Промовирана книгата на Калина Велевска

by Тони Зографски

Вечерва во бифето на МКЦ беше промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ на Калина Велевска. Многу пријатели на Калина и Александар беа присутни.

Книгата содржи избор од текстови што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.

Калина Велевска (1990), дипломирана правничка, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com