“ПРОВЕРИ СИ ГО ВИДОТ, БИДЕЈЌИ НЕ МОЖЕШ ПАМЕТОТ“: Неда Украден се навреди кога ја прашале дали има силикони

by Тони Зографски

Иако е на прагот на седумдесеттите, пејачката Неда Украден заработува бројни комплименти за својот изглед на скоро секоја фотографија на Инстаграм.

Така беше и овој пат кога таа објави фотографија во костум за капење, но овој пат имаше следбеничка која ја обвини дека има силикони.

„Провери си го видот. Паметот не можеш“, и рече Неда.

Инаку, Неда моментно одмара на Шолта, а малку порано се појави со фотографија од Макарска.

Таа неодамна ги изненади своите обожаватели признавајќи дека е вљубена, но остана прилично тајна за тоа кој го освои нејзиното срце. Во едно интервју таа призна дека многу нешта во животот правела поради љубов.

“Јас правев секакви глупости и будалаштини. Човек цел живот ја посакува таа голема љубов, подоцна се испоставува дека тоа не е баш така. Јас за човекот што го сакав се изнапатував. Се среќававме на аеродромите во Франкфурт, Чикаго, Штутгарт, Загреб … Поминував илјадници километри и имав чувство дека стаклото пред нас се топи. И како времето минуваше, видов дека тоа е балон во мојата фантазија. Но, додека траеше, беше убаво, рече пејачката.

 

останати вести