Пријанка Чопра се појави со својот сопруг пејачот Ник Џонас на Неделата на модата во Њујорк и со причина сите погледи на присутните беа насочени само кон неа – таа изгледаше божествено.
Деновиве ќе видиме многу познати ѕвезди во најдобрите комбинации, бидејќи започна уште еден голем моден настан – Неделата на модата во Њујорк.
Отварањето на престижната модна манифестација мина во знакот на екс Мисот на свет,актерката Пријанка Чопра, која заслужено беше во центарот на вниманието.

Модните денови неофицијално ги отвори престижната куќа „Ралф Лорен“, па Пријанка, како што се очекуваше, носеше нивна креација во која го привлече вниманието. Таа избра впечатливо елегантен ансамбл од колекцијата есен/зима 2025, составен од јакна со нагласени рамена и широк кафеав ремен околу половината, и лелеава долга здолниште што ги криеше обувките.

„Покажа зошто беше Мис на светот“, „Искрено, изгледа фантастично!“, „Секоја година станува сè поубава“, „Изгледа како кукла, прекрасна е“, „едно е сигурно кога е во прашање Пријанка – таа секогаш ќе воодушевува“, гласат некои од коментарите за изгледот на Пријанка Чопра.