Само во еден ден Новак Ѓоковиќ прелета 13.300 километри и тоа од Доха до Буенос Аирес за да се прости од својот голем пријател Хуан Мартин Дел Потро, а потоа да му го подари пехарот на победникот на Копа Либертадорес.
Сето тоа Новак го направи со својот приватен авион „Gulfstream G650“, кој се издвојува по една работа – има два мотори и е способен за долги летови како овој, кој траеше 19 и пол часа.
Новак од 2015 година ги користи услугите на приватна компанија која го одржува неговиот авион и обезбедува пилот и персонал. Што се однесува до внатрешноста на авионот, на фотографиите кои ги споделиле луѓето кои патувале со Новак се гледа дека „пука“ од удобност и луксуз.
Инаку, во авионот има место за 18 патници, опремен е со сите потребни предмети, а секој кој ќе се најде во него дефинитивно може да ужива.