“ПРВО НЕ МОЖЕВ ДА НАЈДАМ ПАРКИНГ, ПА ЛОШО РУЧАВ“: Британец по вакцинирањето стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британски пензионер Мартин Кенион за Си-Ен-Ен опиша како му поминал денот пред и откако ја примил вакцината против коронавирус.

91-годишниот жител на Лондон изјави дека прво се јавил во болницата и одговорил на прашањата дали воопшто може да ја прими вакцината, по што му било кажано да дојде во 12:30 часот. Тој прво се пожалил дека нема каде да паркира.

„Не можев да најдам паркинг никаде, затоа доцнев. И ништо, влегов внатре и ме ставија уредно на списокот. После тоа имав многу лош ручек, но се вратив и ја примив вакцината. Тоа воопшто не ме болеше, дури и не знаев дека влегла иглата сè додека не излезе“, изјавил Кенион.

Тој се надева дека сега нема да се зарази со „проклетиот вирус“, како што го нарече, додавајќи дека со нетрпение очекува да ги прегрне своето семејство и внуците и дека не му кажал на никој од семејството дека ја примил вакцината.

„Немам намера да се заразам со коронавирус. Па, нема смисла да умирам кога живеев толку долго“, заклучил Кенион.

https://twitter.com/i/status/1336465949826887685

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com