Позната бизнисменка и хуманитарка Нина Јанева почина денеска во Скопје по долго боледување.
За загубата на Јанева објави хуманитарниот клуб Inner Wheel Club of Skopje, чиј член беше таа.
„ Со голема тага во нашата душа, Ве известуваме дека почина нашата членка Нина Јаневска. Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта Бутел во Скопје во 9:30 часот. Секогаш ќе ја чуваме во нашите срца“, напишаа од Inner Wheel Club of Skopje на својот Фејсбук профил.
Нина Јанева беше сопруга на бизнисменот Светозар Јаневски, претседателот на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“.