33
Познатата актерка Дајан Китон почина на 80-годишна возраст, објави „Пипл“.
Во моментов не се познати дополнителни детали, а нејзините најблиски побараа приватност, според соопштението на семејството.Китон се здоби со слава во 1970-тите со нејзините улоги во „Кум“ и преку соработката со режисерот Вуди Ален. Таа освои Оскар за најдобра актерка за „Ени Хол“ во 1977 година. Во текот на својата долга кариера, таа глумеше во филмови како што се „Клубот на првите сопруги“, бројни соработки со режисерката Ненси Мејерс и франшизата Book Club.