954
По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити.
„Си замина еден голем Вардарец, еден од основачите на Комити и еден од најголемите навивачки умови на овие простори. Последен поздрав до нашиот другар Гокси. Вечно ќе биде запаметен. Нека почива во мир…“, напишаа неговите другари од навивачката група на Вардар.
Инаку, изминативе денови преку социјалните мрежи се бараше донација на крвна плазма за лекување на Костадиновски.
