Почина Владимир Пановски, претседателот на Скијачката федерација на Македонија

by Тони Зографски

Во Скопје ненадејно, на 73-годишна возраст, почина претседателот на Скијачка федерација на Македонија. Тој беше долги години во македонскиот спорт, па е заслужен за напредокот на истиот во државава.

Пановски имаше важна улога во обезбедување квалитетна соработка со Меѓународната скијачка федерација, Меѓународната бијатлон федерација, Олимпискиот комитет на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Пановски активно се занимаваше со спортот и постојано се бореше за напредок на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија.

останати вести