Почина Видосава Грубач, актерка на Драмски театар

by Тони Зографски

Во Скопје почина актерката Видосава Грубач, која кариерата ја мина во Драмски театар Скопје,  чиј член беше од 1962 година па се до пензионирањето.

Најважните улоги ги остварува на Куклената и на Детската сцена, но со голем успех учествува и во проектите на Вечерната сцена.

Селективна театрографија: Беки Тачер во Том Соер (1962); Оливер Твист во Оливер Твист (1963); Клариса во Кралот на елените (1964); Лилјана Бартли во Фармерки (1965); Мариета Ривал во Сојуз на лажните светци (1970); Жената во облека на шпанска кралица во Ништо (1972); Бајачката во Диво месо (1979); Екатерина во Бркотница (1980); Иродијада во Салома (1985); Тетка Веска во Чија си (1991).

 

 

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com