Почина Бора Станковиќ, човекот кој ја промени светската кошарка

by Тони Зографски

Долгогодишниот генерален секретар на на ФИБА и легендарниот кошаркарски функционер, Бора Станковиќ денеска почина во 95 година од животот.

Во неговата ера која траеше до 2002 година, кошарката доби најзначајни промени. Воведена е линијата за три поени, променета е димензијата на теренот, од  полувреме мечот е поделен на четвртини за да се приближи на НБА кошарката.

Станковиќ беше заговорник на идејата на Олимписките игри да играат професиналци од НБА и тоа се случи во 1992 година.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com