ПОРТПАРОЛИ ВО “АКЦИЈА“: По Костадинов и Арсовски ќе се жени (ФОТО)

by Тони Зографски

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ преку фотографија на неговиот инстаграм-профил откри дека ја запросил неговата девојка Сања Тодорова.

Арсовски сподели фотографија на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, а во објавата напиша „Доста беше, до вечноста“.

Веста за запросувањето ја објави и неговата, сега веќе верница, на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

-Роденденски подарок за мене или за него? За нас дајцата, напиша Соња која е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.

Инаку, завчера и пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов објави дека ја запросил својата девојка,  Марија.

останати вести