902
Како што објави словенечната државна агенција СТА, а пренесоа другите словенечки медиуми. За навредите Јовева обелодени на нејзиниот Фејсбук профил минатиот четврток, истакнувајќи дека не и пречат личнните навреди, колку што е загрижена за нивото на кое се наоѓа словенечката политика.
Словенечката европратеничка Ирена Јовева неодамна стана мета на навреди на социјалните мрежи и на веб-порталите поврзани со владејачката партија во Словенија, СДС на Јанез Јанша, поради нејзиното македонско потекло, соопшти нејзината партија Листата на Марјан Шарец (ЛМШ).
Нејзината партија ЛМШ соопшти дека Јовева на социјалните мрежи била цел на системски навреди и вознемирување од страна на некои партиски медиуми и поединци поврзани со СДС. Од партијата го посочуваат текстот објавен на порталот Нова 24ТВ во неделата, кој се фокусира на потеклото на Јовева.
