Манекенката од Мајами, Алеира Авендано, стана мета на критики, бидејќи потрошила повеќе од милион долари на хируршки процедури за да го има најтесниот струк на светот – само 45 сантиметри, кој го „одржува“ носејќи корсет 23 часа дневно.
„Тоа беше голема инвестиција, подобрувања, третмани и здрава храна. Искрено, моето тело треба да биде осигурано“, рече Авендано, која го соблекува корсетот само кога се тушира. Таа ја опиша својата долгорочна инвестиција како огромна обврска, пренесе Њујорк пост.

За да го „надополни“ својот изглед, Авендано во текот на речиси две децении потрошила дополнителни 638.000 долари на седум операции на гради, пет операции на нос, импланти на задникот и нови заби. Меѓутоа, цената на нејзината неверојатна фигура не го „погодила“ само нејзиниот паричник.

„Ова не е само резултат на напорна работа, туку често е и физички болно, призна 33-годишничката, додавајќи дека постојаното носење корсет предизвикало поместување на нејзините внатрешни органи за да се приспособат на цврстото стегање“.https://www.instagram.com/reel/DLNNJqIur98/embed/?cr=1&v=14&wp=810&rd=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk&rp=%2Fadmin%2Fnews%2F527445%2Fedit#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A442.1000003814697%2C%22ls%22%3A296%2C%22le%22%3A434.1000003814697%7D
Проблем ѝ претставува и облеката. „Предизвик ми е кога купувам гардероба бидејќи ништо не ми одговара. Моите мерки се уникатни, а имам природно широки колкови, па морам да кројам облека по мерка“, објасни таа.

И додека многумина ја опсипуваат со негативни коментари поради нејзините контроверзни облини, Авендано не обрнува никакво внимание на тоа.

„Воопшто не ми недостига мојата стара фигура. Луѓето реагираат различно, некои ме следат, некои се чувствуваат непријатно, а некои ми се восхитуваат или мислат дека моето тело е лудо. Мажите немаат доволно зборови да ја пофалат мојата егзотична фигура. Ја обожавам. Сега сум единствена“, раскажа креаторката на содржини со повеќе од 1,1 милион следбеници на Инстаграм.https://www.instagram.com/p/DLTJx-tPxgR/embed/?cr=1&v=14&wp=810&rd=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk&rp=%2Fadmin%2Fnews%2F527445%2Fedit#%7B%22ci%22%3A1%2C%22os%22%3A444.79999923706055%2C%22ls%22%3A296%2C%22le%22%3A434.1000003814697%7D
Меѓутоа Авендано им советува на другите жени да бидат претпазливи и доколку одлучат да носат корсет, да започнат со шест часа дневно, а потоа секоја недела да го зголемат времето на носење за два часа.

Нејзина желба е да започне сопствена линија на корсети и мидери за обликување на телото, за да можат луѓето ширум светот да постигнат слична фигура, со време и дисциплина.