Половината на Ким Кардашијан привлекува внимание: Дали „болниот“ тренд од почетокот на 2000-тите се враќа? (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан предизвика гласини дека направила пластична операција откако беше фотографирана од папараците во Лос Анџелес. Главна тема на коментарите беше нејзиниот тесен струк.

Носеше јакна, топ, хеланки и високи потпетици. Иако одамна ослабе многу, многу корисници на социјалните мрежи веруваат дека таа направила и липосукција на стомакот.

„Ова е навистина премногу“, „Тажно е да се видат познати личности како повторно промовираат слабост“, „Тесниот струк, болен тренд од почетокот на 2000-тите, се враќа. Жално“, се некои од коментарите.

Таа претходно ги негираше гласините дека направила каква било естетска операција. Се пофали дека обемот на струкот ѝ е 60 сантиметри благодарение на нејзината тогашна тренерка Мелиса Алкантара.

Пред тоа таа изјави: „Ќе почнам со „луда“ диета. Видов бодибилдерка на Инстаграм која се здебели 32 килограми за време на бременоста. Нејзиното дете сега има шест години, а таа „се преполовила““, рече таа.

Пред три години, Кардашијан ослабе девет килограми за да може да се вклопи во фустан од Мерилин Монро на Мет Гала.

„Навистина сакав да го носам овој фустан. Беше навистина важен за мене. Всушност ме научи многу за мојот начин на живот и здравје, и оттогаш продолжувам да се хранам здраво“, рече таа, меѓу другото.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com