“ПОКРАЈ КОРОНАТА, РАКОТ Е ШЕГА: Џеф Бриџис се заразил со ковид-19 додека одел на хемотерапија

by Тони Зографски

Холивудскиот актер Џеф Бриџис на својата интернет-страница откри дека бил заразен со коронавирусот во јануари и бил во болница со недели, додека во истовреме бил и на хемотерапија за ракот.

И Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон биле позитивни на коронавирус.

– Таа беше во болница пет дена, а јас – пет недели – рекол Бриџис.

„Причината поради којашто бев таму толку долго е тоа што мојот имунолошки систем беше истрошен од хемотерапијата. Мојот ‘танц‘ (со ковид-19) направи мојот рак да изгледа како шега“, додава тој.

Актерот објави и дека неговиот рак е во фаза на ремисија. Нему му беше откриен лимфом минатиот октомври.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com