Шведскиот актер Долф Лундгрен (67) откри што според него е тајната на неговиот среќен брак со сопругата Ема Крокдал (28).
Долф се оженил со Ема во јули 2023 година, среде неговата борба со ракот. Интимната свадбена церемонија се одржа во Миконос, Грција, а ова е негов втор брак, откако поминал 20 години со Анет Квиберг.

Тајната, тврди тој, е во – прегратката
Иако неговиот брак со Крокдал е релативно нов, актерот вели дека постои тајна за одржување на силна и среќна врска.
„Ја прегрнувам, ѝ давам убава, голема прегратка десет пати дневно“, изјавил актерот за „Фокс њуз“.
„Се обидувам да ја прегрнам неколку пати пред ручек. Звучи едноставно и малку глупаво, но тоа неутрализира многу несогласувања и недоразбирања. И нè прави двајцата да се чувствуваме добро. Тоа е мојот нов рецепт“, рекол Долф.
Што мисли тој за разликата во годините?
Актерот еднаш прозборел за нивната разлика во годините.