Познатата пејачка за време на доделувањето на наградите мислеше дека никој не ја гледа (ФОТО)

by Тони Зографски

Сабрина Карпентер, која ја одбележа минатата година со хитот „Еспресо“, ја доби наградата „греми за најдобра женска соло-изведба“, но сите зборуваат за тоа што направи мислејќи дека никој не ја гледа.

Доделувањето на греми-наградите, кое се одржа на 2 февруари во Лос Анџелес, беше полно со незаборавни моменти, од победата на Бијонсе за најдобар кантри-албум до Канје Вест и Бјанка Ценсори, кои беа исфрлени од настанот, до Сабрина Карпентер и нејзината златна матарка.

Имено, 23-годишната пејачка со потекло од Пенсилванија била забележана како пие од златна матарка, која одговарала на нејзиниот фустан. Секако, моментот на опуштање го снимил камерманот, а снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи и стана вирална.

“Таа пие со стил“, „Не би рекол дека е еспресо во матарката“, „Сите го правиме тоа, дури и Сабрина“, „Дива, ова е лудо“, „Тоа е толку кул“, беа коментарите.

Објавата брзо се прошири на платформата X и собра повеќе од 2,9 милиони прегледи.

останати вести