Актерката и модел Роузи Хантингтон-Вајтли сподели серија фотографии од одморот во Турција, а ги воодушеви своите следбеници со својата сензационална фигура.
Роузи позираше покрај базенот во смело бело бикини. Таа ги истакна своите затегнати стомачни мускули и витки нозе. Бикинито го искомбинира со впечатлива огрлица и очила за сонце.

Меѓу фотографиите што ги сподели имаше и една на која позира во црвено бикини, а нејзините обожаватели не можеа да го сокријат своето возбудување. „Прекрасна“, „Изгледаш неверојатно“, „Опседнат сум со тебе“, ѝ напишаа.
Роузи често позира самоуверено во смели комбинации, но претходно призна дека се бори со сопствената слика за светот откако има деца. Таа е верена со актерот Џејсон Стејтам, а заедно имаат две деца – синот Џек Оскар и ќерката Изабела Џејмс.


