Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу, која моментално минува низ менопауза, откри дека успешно се справувала со симптомите се до пожарот во Лос Анџелес, а потоа спасот го побарала во алкохолот.
Зборувајќи со д-р Мери Клер Хејвер во една од епизодите на „The Goop Podcast“, актерката откри дека целата ситуација излегла од контрола откако пиела „секоја вечер“ за време на пожарите во Лос Анџелес во јануари.
„Забележав дека симптомите на менопауза ги поминувам прилично добро и под контрола, се до јануари кога се случуваа пожарите во Лос Анџелес. Тогаш пиев секоја вечер“, изјавила холивудската ѕвезда.
Палтроу објаснила дека менопаузата влијаела и на нејзиниот сон и дека има ноќи кога нејзината анксиозност преовладува
„Само ќе се разбудев и ќе ме обземеше анксиозност, каква што никогаш не сум ја имала во животот. И лежев во кревет размислувајќи за секоја грешка што некогаш сум ја направила, за чувствата на секоја личност што некогаш сум ги повредила, за секој лош потег“, признала Гвинет.
Сепак, како што изјавила, таа е оптимист и се надева дека најлошото е зад неа.