Позната пејачка на кореански бенд пронајдена мртва (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Една од најпопуларните поп-ѕвезди во Јужна Кореја, 25 -годишната Сули е пронајдена мртва во својот дом во близина на Сеул. Пејачката мртва ја пронашол нејзиниот менаџер.

Причината за смртта не е уште прецизно потврдена, но се шпекулира дека станува збор за самоубиство.

Оваа ѕвезда на Инстаграм ја следат скоро 6 милиони луѓе, а била членка на популарниот бенд“f(x)” се до 2015 година, кога ја напуштила оваа група за да се фокусира на актерската кариера.

Оваа дама била прилично контроверзна и позната како некој кој е без влакна на јазикот. Во повеќе наврати била критикувана во јавноста поради слободното однесување и фактот дека не носи градник, а медиумите редовно објавувале нејзини провокативни фотографии.

View this post on Instagram

헐 뭐지

A post shared by 설리가진리 (Sulli) (@jelly_jilli) on

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com