Холивудската глумица Ејми Локаин (48), која е запаметена по улогите во филмот „Cry Baby“ и серијата „Melrose Place“, беше вратена во затвор осум години, откако судијата рече дека првичната затворска казна во траење од три години за убиството на Хелена Симан (60) во судир, додека била под дејство на алкохоле премногу блага.
Несреќата се случила пред 10 години, а во судирот тешко бил повреден и сопругот на починатата Хелена. Ејми е осудена на осум години за убиство и 18 месеци за судир, а таа ќе ги издржува истовремено две казни.
Таа ќе помине најмалку шест години и 10 месеци зад решетки пред да може да побара условно ослободување.