Познат ТВ-готвач пронајден мртов на гробишта: Снимките од безбедносните камери ја откриле страшната вистина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британскиот телевизиски готвач Кристофер Вилер, познат по учеството во популарните емисии на Би-би-си „Голем британски мени“ и „Саботна кујна наутро“, почина на 52-годишна возраст.

Неговото тело го пронашле работници на гробиштата Бромптон во Кенсингтон и Челси, два дена откако во февруари 2026 година бил пријавен за исчезнат.

Истрагата пред судот открила дека готвачот Вилер починал од задушување. Д-р Лимон Нахар од колеџот Империјал колеџ во Лондон изјавила на сослушувањето дека токсиколошкиот извештај покажал присуство на дрога, метамфетамин, амфетамин и кетамин во неговиот организам. Иако супстанциите не биле на смртоносно ниво, официјално било пресудено дека придонеле за неговата смрт.

Со оглед на местото каде што е пронајдено телото, полицијата на почетокот не можела да ја исклучи можноста за кривично дело, па затоа била спроведена целосна форензичка истрага.

Форензичарот по прегледот заклучил дека друго лице не е вмешано. Снимките од надзорните камери потврдиле дека Вилер влегол сам на гробиштата, додека патологот д-р Џон Ферт не пронашол никакви знаци на повреди или борба.

Иако Вилер имал историја на проблеми со менталното здравје, во неговиот медицински картон немало податок за претходна злоупотреба на дрога. Патологот ја отфрлил можноста за самоубиство бидејќи немало историја на самоповредување, немало проштална порака, ниту докази за намера да си го одземе животот, па бил забележан отворен заклучок.

По повод завршувањето на истрагата, се огласиле и неговото семејство и двете ќерки споделувајќи емотивна порака. Тие го опишале како „нежен и љубезен“ човек, истакнувајќи дека многу се гордеел со својата работа, но дека секогаш наоѓал време за своите најблиски.

останати вести