ПОЖАРНИКАР ХЕРОЈ: Гаснеше пожар во куќа, а потоа ја реновираше со своите другари (Фото)

by Тони Зографски

Лоренцо Трајановски прек пост на својот Фејсбук профил информираше дека куќата на негови сограѓани која целосно изгоре во мај, веќе комплетно е реновирана.

“Куќата која што настрада од пожар на наши сограѓани на 09.05.2020 година што јас лично учествував во гаснењето и ветив дека ќе биде комплетно реновирана, тоа се случи и веќе е со нови плафони и ѕидови модерно опремена благодарение на мојата вредна екипа Станче Темелков и Иван Пешовски“ напиша Лоренцо на својот Фејсбук профил.

останати вести