725
Претседателот Стево Пендаровски на интересен начин го најави финалниот меч за пласман на Светското првенство на македонските фудбалери против Португалија, по вечерашната победа на нашата репрезентација над Италија.
Тој на Твитер го означи фудбалската ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо, порачувајќи му да се подготви.
„Подготви се Кристијано, вие сте следни!“.
Пендаровски се огласи на и на Фејсбук честитајќи го вечерашниот триумф.
„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник. На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате“, напиша Пендаровски.
