Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, по растот на референтните цени на светскиот пазар.
Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини најмногу 91,50 денари за литар, што е зголемување од 4,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 93,50 денари за литар, исто така за 4,50 денари повеќе.Најголемо поскапување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по максимална цена од 98 денари за литар, односно за 6,50 денари повеќе.
За 6 денари поскапува и екстра лесното масло, чија максимална цена ќе изнесува 98,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,188 денари и ќе чини 43,726 денари за килограм.
РКЕ соопшти дека продолжува примената на намалената акциза од 2 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и намалената акциза од 4 денари за литар кај дизелот.
