ПО НЕКОЛКУ ЧАСА УБЕДУВАЊЕ: Успешно заврши спасувачката акција кај „Мавровка“

by Тони Зографски

Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“.  Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен.

Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.

Мотивите за обидот за самоубиство засега се непознати.

останати вести