По Бијонсе и Кети Пери речиси паднала од висечка топка на концерт (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Неколку дена откако Бијонсе за малку ќе доживееше несреќа во висечки автомобил на концерт, нејзината колешка, пејачката Кети Пери исто така, речиси ќе паднеше од реквизит на концертот во Австралија.

Имено, за време на нејзиниот настап, Пери се искачи на џиновска метална топка која беше обесена со синџири над сцената. Меѓутоа, откако беше крената од земјата, почна да се навалува на едната страна, исто како автомобилот на Бијонсе.

https://twitter.com/i/status/1940064487022940667

Кети мораше цврсто да се држи за рамката, а ситуацијата предизвика вресоци од преплашените обожаватели.

Членовите на нејзиниот тим ја исклучија музиката и ги пригушија светлата за да ѝ помогнат на пејачката да излезе од топката. Видеата од страшниот момент, кои станаа вирални, покажаа публиката како скандира „Напред Кети“.

останати вести