ПО 1.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ: Саудискиот крал прогласи државен празник по победата над Аргентина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар.

Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите.

Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три забавни паркови во земјата утре ќе биде бесплатен за сите.

– Илјадници честитки, јунаци, се огласи на Твитер, саудискиот министер за спорт Абдалазис бин Турки Ал-Фајсал, по триумфот на националниот тим над Аргентина.

Секој саудиски репрезентативец за победата која силно одекна во фудбалскиот свет ќе биде награден со по 1.5 милиони долари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com