ПЛАЧЕШЕ ОД СРЕЌА: Го совладаа емоциите, Ѓоковиќ во солзи ја прослави новата титула во Мелбурн (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен.

По мечот, светскиот тенисер број еден повторно емотивно се „скрши“ по финалето кога се приближи до својата ложа, а потоа легна на столовите и заплака меѓу најблиските и пријателите.

Кога се врати на теренот, плачеше со солзи на столчето кога седеше и си стави крпа на лицето, а заедно со него плачеа и многу луѓе на трибините.

Она што на многумина им изгледаше како „невозможна мисија“ во текот на минатата година кога Новак претрпе тортура во Австралија, а потоа и депортација, се покажа дека е можно. Новак се „прошета“ низ турнирот во Мелбурн, беше убедлив и повторно е на врвот.

Сега за Србинот сигурно следува нова мисија, а тоа е да биде единствен со најмногу грен слем титули во историјата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com