Пијан Швеѓанец претепал рецепционер во скопски хотел

by Тони Зографски

Пијан 25- годишен Швеѓанец бил приведен во полициската стаица во Центар, откако претходно дивеел и кршел инвентар во угостителски објект, а го претепал и рецепционерот.во хотелот во кој бил гостин.

Според пријавеното,  во Полициската станица Центар бил приведен С.А.Ј.(25) од Шведска поради тоа што под дејство на алкохол кршел инвентар и ги вознемирувал гостите во угостителски објект, а физички го нападнал и рецепционерот Б.Ѓ. во хотелот во кој бил гостин.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

останати вести