Пијан Србин завршил во болница откако со својот автомобил поминал покрај спуштена рампа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На снимката од надзорните камери се гледа моментот кога вчера вечер околу 3 часот по полноќ товарен воз удрил во возило „пежо“ во Мајур кај Шабац.

Полицијата во Шабац веќе  поднела прекршочна пријава по Законот за безбедност на сообраќајот против триесет и три годишен маж од околината на Шабац кој управувал автомобил под дејство на алкохол со 1,22 промили во крвта и поминал преку пруга на веќе спуштена рампа.

Возачот на „пежото“ со повреди бил префрлен во болницата Шабац, додека неговиот совозач (41) останал неповреден.

останати вести