Пејачка удрила маж со нога во лице откако тој ја фатил за гради за време на настап (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Тајландската пејачка Намкаенг Типаван удрила маж со нога во лице откако тој, како што тврди, за време на нејзин настап ја фатил за градите.

Снимката од инцидентот, која набрзо се проширила на социјалните мрежи, ја објавила самата 29-годишна пејачка, пишува „Heute“.

Инцидентот се случил на 24 ноември за време на настап во тајландската покраина Чонбури. Пејачката се наведнала кон публиката за да се ракува со обожавателите, а еден маж ја искористил приликата и несоодветно ја допрел. Обезбедувањето веднаш го задржало, по што пејачката го удрила со нога во лицето.

„Извинете, но навистина не можев да се воздржам. Имаше дрскост да ми пријде и да ме фати за градите“, напишала таа покрај снимката.

останати вести