Пендаровски се туркаше со рака со светски шампион во бодибилдинг (ФОТО)

by Тони Зографски

Како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во Скопје претстојува Михал Крижанек од Словачка, светски шампион во бодибилдинг.

Неговиот претстој за средба го искористи и претседателот Стево Пендаровски, кој објави фотографии од посетата во кабинетот.

„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг, Михал Крижанек, од Словачка“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ во прилог на фотографијата каде тој и Крижанек се натпреваруваат во туркање со рака.

Словакот во Скопје е почесен гостин во рамки на меѓународен натпревар во бодибилдинг.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com