ПАНДЕВ: Ова е најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал! (ФОТО)

by Тони Зографски

Горан Пандев не можеше да не реагира на историската бламажа на Македонија со поразот од 0-7 од Англија синоќа на „Олд Трафорд“, како кулминација на пропаста на националниот тим, кој пред само година ипол живееше мундијалски сон, а поред две лета играше на Европското првенство.

Откако беше повикан на инстаграм стори да даде свое мислење, Горан Пандев одговори на слика на која се посочени личности меѓу кои претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот, Боби Милевски.

Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал, нека ни е чест на сите“, напиша Пандев.

Пандев уште пред историскиот прв настап на Македонија на ЕП 2020 влезе во жестока војна со ФФМ и раководството, иницирано од обидот да се смени тогашниот селектор Игор Ангеловски, а потоа за поделбата на премиите за пласманот на континенталниот шампионат и самонаградувањето на фотелјашите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com