Падна бакнеж помеѓу Доналд и Меланија! Конечно се заедно во Белата куќа (ФОТО)

by Тони Зографски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше домаќин на прославата на мајките од воените семејства, која се одржа во Источната соба во Белата куќа, во придружба на неговата сопруга, Меланија Трамп.

Иако сите очи се вперени во Меланија, која, како и секогаш, изгледаше совршено, еден момент го одбележа нивното присуство на оваа прослава, а тоа е бакнежот на овој познат брачен пар. Фотографите го забележаа овој интимен чин на брачниот пар, како единствена можност да ги видат заедно, земајќи ја предвид одлуката на Меланија да не живее со својот сопруг во Белата куќа.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Инаку, за оваа пригода, Меланија одлучи да облече бело палто, која е секогаш совршен избор за службени должности, и црно кожно здолниште. Секако, тука се и темните салонки, кои се препознатлив знак на првата дама. Таа овој пат одлучи косата да ја пушти преку рамената, што беше полн погодок за овој настан.

Фото: EPA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Појавувањето на првата дама беше ретка пригода во која таа јавно присуствуваше и зборуваше на настан во Белата куќа откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари. Меланија има само неколку јавни настапи од 20 јануари 2025 година.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Таа изјави дека во иднина ќе живее во Њујорк и Флорида за да биде поблиску до својот син Барон, дека ќе ги намали своите одговорности како прва дама и дека нејзиното присуство во Белата куќа ќе биде сведено на минимум.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com