ОТКАКО ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ ОНЕСВЕСТЕШЕ НА ЕВРОВИЗИЈА: Лаура Паузини објави дека има корона

by Тони Зографски

Италијанската пејачка и водителка на овогодинешната Евровизија, Лаура Паузини, објави дека е позитивна на корона вирусот. Паузини во саботата, за време на финалето почувствувала здравствени проблеми бидејќи ѝ паднал притисокот и за малку ќе се онесвестила.

Таа објави на Инстаграм и откри дека е заразена со корона.

„Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобраниот замор, но не беше така. Само што дознав дека сум позитивна на корона вирусот, поради што сум изолирана и не можам да патувам“, напиша Паузини.

Таа информираше дека поради позитивниот тест на корона нема да може да учествува на концертот „Amor a la Música“ на Флорида.

Паузини беше домаќин на Евровизија со Алесандро и Мика.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com