ОСУМ МЕСЕЦИ БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА: Почина пациентот за кој зборува светот

by Тони Зографски

Италијанскиот печат пишува денес за случајот со пациент од болницата „Сан Мартино“ во Џенова, кој бил позитивен на коронавирус сите осум месеци од пандемијата и кој неодамна починал.

Примариусот на болницата, д-р Матео Басети, тврди дека ова е единствениот случај во светот засега. Пациентот имал други болести, а неговиот имунолошки систем бил ослабен.

– Ова само ни укажува уште колку работи не знаеме за вирусот – изјавил Басети

Инаку, толку долг период на инфекција со вирусот корона, 250 дена, сè уште не е забележан во светот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com