Норвешкиот биатлонец Стурла Холм Леграјд ја шокираше јавноста кога, во телевизиско интервју во живо, само неколку моменти по освојувањето на олимпискиот бронзен медал, призна дека ја изневерил својата девојка.

Леграјд денеска освои бронзен медал на Зимските олимписки игри во Италија, во поединечната трка во биатлон на 20 километри. Но, наместо да слави, тој го искористи интервјуто за норвешката телевизија НРК јавно да го признае своето неверство.
„Има некој со кого би сакал да го споделам ова, а можеби денес не гледа“, започна Леграјд.„Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот, најубавата и најљубезната личност на светот. А пред три месеци ја направив најголемата грешка во мојот живот и ја изневерив“ – рече тој.
Олимпиецот објасни дека сè ѝ призна на девојката, со која беше во врска шест месеци, пред една недела. Тој ја опиша таа недела како „најлошата во неговиот живот“ и низ солзи изјави:„Имав злато во мојот живот… Само неа ја гледам. Не знам што сакам да постигнам со ова, но спортот ми беше на втор план во последните неколку дена. Затоа би сакал да можам да го споделам ова со неа“ – рече Норвежанецот.
Тој додаде дека сака да биде „добар модел“, но дека „мажот мора да признае кога прави грешка“.„Мора да признаеш кога правиш нешто што не можеш да го преболиш и да повредиш некого кого толку многу го сакаш“, рече Леграјд низ солзи.
Откако се смири, тој го продолжи интервјуто со очајна молба.„Никогаш не знаеш колку шанси имаш и не мислам дека ќе добијам уште една шанса за вистинска љубов како што имав со неа. Но, подготвен сум на сè“, рече тој.„Подготвен сум да фрлам нуклеарна бомба врз Кина и да навлечам омраза од сите. Бидејќи таа веќе ме мрази и се надевам дека поради ова, можеби ќе сфати колку ја сакам“, додаде тој.Кога го прашаа за идентитетот на девојката, тој одби да го открие
нејзиното име, од почит кон неа.
„Веројатно сè уште го обработува она што ѝ го кажав минатата недела, но се надевам дека има светлина на крајот од тунелот за нас. И дека сè уште може да ме сака“, изјави тој.Откри дека одлуката за јавното признание ја донесе ноќта пред трката.„Сфатив синоќа дека морам да ја фрлам оваа бомба… Ќе видиме што ќе се случи. Немам што да изгубам“ порача биатлонецот.
